Украинската тајна служба во неделата се обиде да го убие рускиот претседател Владимир Путин со беспилотно летало камиказа, пишува германски Билд. Обидот за атентат не успеа, но руските власти го чуваат обидот во тајност.
Беспилотното летало UJ-22 полета во Украина во неделата попладне – тоа е најмодерниот украински дрон со среден дострел до 800 километри. Неговата цел наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој се наоѓа на 500 километри од Украина.
A Ukrainian UJ-22 airborne drone stuffed with explosives fell in the Moscow region. pic.twitter.com/ORTyyM4Edx
— Spriter (@Spriter99880) April 24, 2023
Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, во писмото во кое ја презема одговорноста вели: „Минатата недела нашите разузнавачи добија информации за патувањето на Путин во индустрискиот парк Руднево. Наше беспилотно летало камиказа кое прелета низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација се урна недалеку од индустрискиот парк“.
На снимката се гледа дека на дронот имало 30 блокови од експлозив Ц4 со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивните полнења М112 користат, меѓу другите, Армијата на САД и канадските вооружени сили.
The UAV flew to Moscow.
A drone stuffed with explosives, similar to the Ukrainian UJ-22 Airborne, fell in the village of Vorovskoye near Noginsk near Moscow. Among the wreckage of the UJ-22 are Canadian 1.25-pound M112 explosive charges based on C4 plastic explosive weighing… pic.twitter.com/7QqxP94XNR— Victor vicktop55 (@vicktop55) April 24, 2023
Но, дали Путин навистина сакал да го посети индустрискиот парк во времето на планираниот атентат? Личниот дописник на Путин од Кремљ, Павел Зарубин, во неделата наутро изјави дека претседателот планира „да посети индустриски парк во Москва“ Тој не кажа кога точно треба да се одржи посетата.
Нејасно е дали шефот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во недела или само во понеделник – од безбедносни причини, посетите на Путин понекогаш се вршат еден ден пред да бидат објавени.
Затоа Украина не можеше да биде сигурна дали посетата ќе се одржи во недела или понеделник. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во понеделникот рече: „Рускиот претседател Владимир Путин е во Кремљ. Шефот на државата не планира никакви големи јавни настани.