Украина е подготвена за пролетна офанзива, Вашингтон е загрижен за руските подморници

Од:

Украинските воени сили ја имаат сета потребна опрема, оружје и муниција за да ја започнат долгоочекуваната пролетна офанзива, изјави командантот на силите на НАТО за Европа, американскиот генерал Кристофер Каволи.

Каволи, кој е и командант на американските воени сили во Европа, изрази уверување дека украинските сили нема да бидат запрени од недоволните системи за оружје или снабдувањето со муниција.

„Ги завршивме нашите испораки за Украина“, им рече Каволи на членовите на американскиот Конгрес во средата. Тој истакна дека повеќе од 98 отсто од борбените возила веќе се испорачани во Украина.

САД минатата недела објавија нова воена помош за Киев, пакет вреден 325 милиони долари, ветувајќи нови испораки на артилерија и ракети, како и противтенковски наведувани ракети и друго противтенковско оружје.

Според Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, видеото, објавено од проруски блогери на социјалните мрежи, покажува како украинските сили воспоставуваат позиции на источната страна на реката Днепар, можна почетна точка за можни обиди за повторно преземање на Полуостровот Крим.

Американскиот помошник секретар за одбрана Селест Валандер во разговор со членовите на Конгресот инсистираше на тоа дека клучните потреби на Киев за оружје се исполнети. Каволи и Валандер ги предупредија членовите на Конгресот дека, и покрај големите загуби што ги претрпе во Украина, клучните елементи на руската воена машинерија остануваат недопрени. Каволи посочи дека руската подморничка флота останала недопрена и дека нивните патроли преку Атлантикот биле на високо ниво и биле многу поактивни од претходните години.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР