Професорот Владимир Мартиновски е избран за декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Тој денеска на гласањето на научно-наставниот совет ја доби довербата да биде на деканската позиција во периодот од септември годинава до септември 2026 година.
– На денешниот научно-наставен совет се одбра нов декан за мандатниот период 15.9.2023-14.9.2026. Проф. д-р Владимир Мартиновски е избран за нов декан. Неколку фотографии од гласањето, се вели во објавата од Филолошкиот факултет.