Среде ноќ се случила експлозија во загрепската населба Дубрава. Експлозијата се случила околу 1.25 часот на улицата Јужна. Оштетени се две возила.
Според неофицијални информации, некој фрлил експлозивна направа во двор од куќа. За среќа нема повредени. Како што информираат од загрепската полиција, експлозијата ја предизвикал непознат сторител.
Во тек е криминалистичка истрага.
Да потсетиме, пред нешто повеќе од еден месец беше фрлена бомба во двор од куќа во Дубрава, на улицата Пољана. Тогаш исто така беа оштетени и две возила.