Захарова: Во Америка се врши „геноцид“ врз руските новинари

Од:

САД вршат „геноцид“ врз руските новинари кои работат во таа земја, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на состанокот на Комитетот за информации во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

„Руските новинари се под постојан притисок долги години. Затоа, кога ќе слушнете кукање за американските новинари кои се третирани лошо во Руската Федерација, не верувајте. Вистинскиот геноцид врз руските новинари и воопшто врз новинарите беше организиран во Соединетите Американски Држави“, рече таа.

Захарова, исто така, истакна дека „неодамна, дописник на руската новинска агенција ТАСС добил известување од банката Велс Фарго за затворање на сметката“. Овие „големи удари“ сведочат за континуираниот притисок врз руските новинари во САД.

Москва очекува дека ОН ќе вложат напори радикално да го реши прашањето за издавање американски визи, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи. Според неа, американските власти се занимаваат со „визни махинации на индустриски размери“ – или не издаваат визи или се издаваат кога е завршен качувањето „за последниот лет“, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Захарова: Ако Киев нападне руска територија, тоа ќе биде погубен акт за Западот

Захарова: Не ни кажувајте што да правиме