(ВИДЕО) Маж пукаше кон автомобил и тешко рани петнаесетмесечно девојче

Од:

Засега непознат вооружен маж пукаше кон автомобил во движење и застрела едногодишно девојче во Оукленд, Калифорнија. Полицијата за инцидентот добила пријава нешто по 18 часот. Кога пристигнале на местото на настанот пронашле 15-месечно девојче со прострелна рана, пишува NBC News.

Девојчето веднаш е пренесено во болница и сега е во стабилна состојба. Девојчето за време на пукањето било во црвен автомобил. Надзорните камери во блиската продавница снимиле како автомобилот се приближува до противпожарната станица и луѓето излегуваат од возилото барајќи помош.

Полицијата започнала истрага и трага по сторителот.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина