Јунајтед Груп постигна договор за продажба на својата мобилна инфраструктура на компанијата Тавал

Од:

Водечката телекомуникациска и медиумска компанија Јунајтед Груп која нуди широка лепеза на услуги во Југоисточна Европа, постигна договор за продажба на 100% од својата мобилна инфраструктура во Бугарија, Хрватска и Словенија („TowerCo“) на компанијата Тавал (TAWAL), подружница на групацијата STC (STC Group).

Со оваа трансакција “TowerCo” која се состои од повеќе од 4.800 мобилни кули, се вреднува со 1.220 милиони евра во готовина, што претставува EV / 2022 EBITDAal (пред МСФИ 16) повеќекратно од 20,1x.

Продажбата на мобилните кули од страна на Јунајтед Груп го следи трендот во индустријата за одвојување и монетизирање на инфраструктурата на мобилните кули од страна на телекомуникациските оператори во Европа и на глобално ниво. Приходите од продажбата ќе и овозможат на Јунајтед Груп значително да го прошири бизнисот, ослободувајќи готовински тек неопходен за иден раст. Трансакцијата ќе овозможи континуирано инвестирање во мобилната мрежа, вклучувајќи ги и плановите за воведување околу 2.000 дополнителни локации во следните 20 години, што ќе му овозможи на Јунајтед Груп долгорочно да продолжи да обезбедува висококвалитетни услуги за своите клиенти.

Трансакцијата е прва инвестиција направена од компанијата Тавал во европскиот телекомуникациски сектор.Тавал е најголемиот обезбедувач на интегрирана ИКТ инфраструктура во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка и поседува портфолио од повеќе од 16.000 мобилни кули.

Во изминатите три години, Јунајтед Груп ја зацврсти својата позиција како водечка телекомуникациска и медиумска компанија која нуди широка лепеза на услуги во Југоисточна Европа. Успешно се прошири на постабилни и побогати пазари на ЕУ со значителни инвестиции во Грција, Бугарија и Хрватска. Компанијата управува со разновиден опсег на средства кои опфаќаат мобилни и фиксни интернет услуги, дополнително платена телевизиска програма и медиуми. Компанијата ќе се надоврзе на својата историја на успешни М&А и нејзината растечка репутација за обезбедување на висококвалитетни телекомуникациски и медиумски услуги и ќе бара дополнителни можности за проширување во ЕУ.

Викторија Боклаг, извршниот директор на Јунајтед Груп, изјави:

„Среќни сме што успешно ја прецизиравме вредноста на нашите кули во договор што ни овозможува да испорачаме и да се движиме по глобалните макроекономски притисоци. Ова ќе го поддржи континуираното инвестирање во нашите портфолио компании за да се осигура дека тие ќе останат конкурентни на нивните соодветни пазари. Среќни сме што најдовме силен партнер во Тавал и ќе бараме дополнителни можности да работиме со нив додека го прошируваат своето влијание на европскиот пазар“.

Мохамед Алхакбани, извршниот директор на компанијата Тавал, изјави: „Ова партнерство со Јунајтед Груп ја означува нашата прва инвестиција на европскиот пазар. Партнерството ја поддржува нашата цел да продолжиме да обезбедуваме иновативни и ефикасни ИКТ инфраструктурни решенија за нашите партнери и да го испорачаме квалитетот на услугите по кои сме познати.

Олајан Алветајд, Главниот извршен директор на групацијата STC, изјави:
„Нашиот договор со Јунајтед Груп претставува возбудливо ново поглавје за компанијата Тавал и пошироката групација STC. Договорот е значајна пресвртница во нашата амбициозна стратегија за раст и во проширувањето на нашето меѓународно влијание. Ние веќе ја водиме трансформацијата на дигиталните капацитети на Саудиска Арабија и оваа трансакција ја зајакнува нашата посветеност да инвестираме во најдобрата технологија и инфраструктура во класата за да бидеме водечки фактор кој ќе овозможи светот да се поврзе“.

Никос Статопулос, Директор за Европа во BC Partners и Директор на Јунајтед Груп, изјави:
„Продажбата на бизнисот “TowerCo” на Јунајтед Груп претставува клучна пресвртница во процесот на Јунајтед Груп кон раст и проширување. Тоа овозможува Јунајтед Груп да се фокусира на континуирано инвестирање во своите телекомуникациски и медиумски услуги и инфраструктура“.

Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, водечка меѓународна инвестициска фирма. Во Северна Македонија, компанијата Тотал ТВ фиункционира како дел од Јунајтед Груп.

Голдман Сакс беше финансиски советник на Јунајтед Груп за трансакцијата. Јунајтед Груп ќе ги објави своите резултати за финансиската година во понеделник. Условите на трансакцијата вклучуваат долгорочни главни договори за услуги и договор за ниво на услуга за наше континуирано користење на инфраструктурата на телекомуникациските столбови по завршувањето на трансакцијата. Затворањето на трансакцијата е предмет на вообичаени услови и се очекува да се случи во текот на втората половина на 2023 година.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Поранешен директор на модна компанија од САД е уапсен поради меѓународна проституција

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска