Мицкоски: Потребни беа 200 милиони евра од државата за ЕЛЕМ да ја помине грејната сезона, а Ковачевски прави коктел

Од:

Шокантна беше сликата за првпат видена не само во Македонија, мислам и пошироко со коктел да се одбележи крајот на грејната сезона и со благодарници. Прво со неверување го примив сето тоа, но кога продолжив да ги гледам прилозите сфатив дека навистина тоа се случило, дека премиерот наместо да пушта или отпочнува проект, тој приредува коктел затоа што ја завршиле грејната сезона, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека кога мислиме дека го допреле дното тие копаат уште подлабоко надоле и можат да одат подлабоко и којзнае што шокантно може да ни приредат овие неколку месеци додека се уште се влада.

– Работата е алармантна, повеќе од 200 милиони евра пари на граѓаните по пат на трансфери од буџетот беа префрлени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ за да може едвај да ги задоволи потребите на стопанството и граѓаните со електрична енергија и затоплување. Бизнис заедницата едвај крај со крај врзува, едвај успева да обезбеди средства да исплати плати за вработените кои така ги хранат своите семејства затоа што не добија никаква помош и поддршка од владата за справување со енергетската криза. Беа оставени сами на себе, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека добра вест е што доаѓа одговорна влада набргу од сега, која знае како да го реструктуира енергетскиот сектор, а потоа да овозможи на стопанството правилно да се развива и да обезбеди енергенс со кој ќе може да се развиваат и да додаваат додадена вредност на своите производи и да обезбедуваат навремена плата, така вработените ќе ги задржиме дома.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски

Мицкоски: Обновената музејска поставка во Археолошкиот музеј е потврда дека земјава има длабоки корени и јасна визија за иднината

Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид е силен доказ дека Македонија

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски го искара Касами: Да не влегува во фолклорот на ДУИ, туку да зборува за проекти

Катерина Ѓуровски