Парламентарен одбор на италијанскиот Сенат заседава денеска дали на поранешниот премиер Силвио Берлускони да му биде одземен пратеничкиот имунитет откако беше осуден за даночно затајување.
Берлускони се закани дека ќе ја урне владата на премиерот Енрико Лета доколку биде исфрлен од парламентот.
Партијата на Берлускони Народ на слободата има клучен дел од владејачката коалиција без кој не се може, јавуваат локални медиуми. Берлускони беше осуден во јули на казна затвор од четири години и забрана за извршување јавни функции во траење од шест години.