Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди островите Кермадец во Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот на островите Кермадец веќе нема закана од цунами. USGC најпрвин објави дека јачината на земјотресот е 7,3 степени, по што ја намалија на 7,1 степени.
Силен земјотрес го погоди истиот архипелаг пред нешто повеќе од еден месец, покажуваат извештаите на USGS. Тогаш магнитудата на земјотресот беше 7 степени според Рихтеровата скала.