Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември со пригодни свечености беше прославен во Њујорк и Њу Џерси.
Во Њу Џерси, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во чест на празникот беше оддржана прослава на која присуствуваше и генералниот конзул на Република Македонија во Њујорк, Горан Трајков.
Поздравувајќи ги присутните, Трајков им посака на Македонците да останат единствени и сплотени.
– Вие сте и многу важни на Република Македонија, продолжете да ја сакате својата земја. Една е родна земја, една е Македонија… Прославата за независноста на Република Македонија беше уште еден доказ дека дијаспората во Њу Џерси одлично функционира и ја сака својата земја, рече Трајков.