Ковачевски: ЕУ да не дозволи нови пречки, Северна Македонија да се оценува исклучиво според резултатот

Од:

Ние ќе направиме се да ги реализираме сите реформи и сите чекори за европската иднина на мојата земја, но во ЕУ ни треба поддршка да не дозволи нови пречки, условувања, Северна Македонија да се оценува исклучиво според резултатот и исполнетите критериуми, порача денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во рамки на неговото предавање на Дипломатката академија во Виена, Австрија.

-Kако премиер и претседател на СДСМ, којашто е дел од ПЕС, сакам да упатам неколку пораки до моите колеги, другари и другарки социјалдемократи и социјалисти со кои делиме исти вредности. Сакам уште еднаш, јавно да побарам од сите Вас, силната поддршка којашто ја давате за мојата земја на патот кон ЕУ да продолжи и понатаму. Особено во периодот што следува, кога се неопходни чекорите за реализирање на реформите. Внатре во македонското Собрание ни е потребен глас за Европа. Ние ќе направиме се да ги реализираме сите реформи и сите чекори за европската иднина на земјата. Но во ЕУ ни е потребна силна поддршка, во европските институции, во Европскиот парламент, да не се дозволат нови условувања во форма на нови политички барања. Северна Македонија да се оценува исклучиво според резултатот, исполнетите критериуми согласно скрининг процесот. Европската унија, заради својот кредибилитет, но пред се токму заради европската перспектива на регионот, заради стабилноста и заради новиот момент во процесот мора да биде гарантор, верификатор на исполнетото, рече Ковачевски.

Јас се обврзав и пред моите граѓани, пред македонското Собрание и пред цела ЕУ дека ние нашата задача ќе ја завршиме. Ние цврсто веруваме во европската иднина за Северна Македонија и целосно сме посветени на исполнувањето на оваа стратешка цел. Согласно европските критериуми, да создадеме конкуретно македонско општество, подготвено за интеграција, кое што полесно би се вклопило во ЕУ. Но таа сработена домашна задача мора да биде соодветно верификувана од страна на ЕУ, додаде Ковачевски.

-Долгиот пат, да има извесен крај само врз основа на реализираното. Ништо повеќе, ништо помалку. Многу македонски генерации израснаа чекајќи го датумот кога ќе станат дел од Европската Унија, со надеж дека ќе живеат во своја земја со европски вредности. Затоа, време е за резултати, за реформи дома и верификација на тие резултати во ЕУ. Без нови пречки, додавки, кочења, политички барања или условувања, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска во Виена.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ