Гостивар: Со секира ги убил мајка си и сестрата

Од:

Две гостиварки, мајка и ќерка синоќа се убиени во нивниот дом. За двојното убиство, осомничен е Владимир Ц. (43) кој набрзо по настанот е приведен.

Според првичните сознанија на СВР Тетово, Владимир, околу 22 часот, со секира ги нападнал својата мајка Димитрула (71) и сестра му Славица(46) во куќата на улицата „Илинденска“ во Гостивар.

Случајот во полиција го пријавил сосед, кој слушнал повик за помагање и викотници. Според првичните и неофицијални информации, во семејството, подолго време постоеле недоразбирања, а можно како причина да е психичката растроеност на Владимир.

Полицијата, истражен судија и јавен обвинител до доцна во ноќта, вршеа увид и ги утврдуваа околностите кои довеле до семејната трагедија.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска