На интернет се појави видео од францускиот претседател Емануел Макрон како пее традиционална песна на улица по вчерашното телевизиско обраќање во кое се обидува да ги смири тензиите поради неговата непопуларна пензиска реформа.
Многу корисници на мрежата се сомневаа дека видеото е фалсификувано со помош на вештачка интелигенција или други средства кога првпат се појави, но луѓе блиски до Макрон изјавија за АФП дека тоа е вистинско, пренесува France24.
🔥 While Paris was burning last night, #Macron went out for a walk and started singing regional songs…. How inadequate! #100jours #EmmanuelMacron pic.twitter.com/uJd9R1xfxb
— Brexit Leo (@BrexitLeo) April 18, 2023
„Претседателот одвои момент со сопругата по синоќешниот говор. Тие се сретнаа со група млади луѓе кои пееја и тој им се придружи во песната“, велат блиски до францускиот претседател.
На видеото се гледа како Макрон ги чита зборовите на Le Refuge, од неговиот телефон, опкружен со мажи на возраст од 20 и 30 години кои пеат.