Полска почна да гради ѕид кон Русија, ќе се постават 3.000 камери за надзор

Од:

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински објави дека Полска почнала со изградба на „современ“ ѕид долж копнената граница со Русија долга 199 километри, пренесува независниот руски медиум Медуза.

Ѕидот треба да биде завршен до крајот на септември, а Камински тврди дека ќе биде сличен на ѕидот со „многу дневни и ноќни камери и сообраќајни монитори“ што постои на делови од полско-белоруската граница.

„Ќе имаме сеопфатен мониторинг на се што се случува на границата со Русија“, посочи тој.

Полската гранична стража најави дека на дел од речиси 200 километри ќе бидат поставени 3.000 камери за надзор. Компанијата за безбедносни системи Телбуд минатиот декември доби договор вреден 81 милион евра со полските граничари.

Сепак, Полска не е првата земја која почна да поставува бариери на границата со Русија. Финска во февруари почна да гради 200 километри огради како дел од работите, чија вредност се проценува на 380 милиони евра. Финците тогаш најавија дека ќе постават бодликава жица на метална ограда висока три метри, а на чувствителните места ќе има камери за ноќно снимање, светилки и звучници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна