Блумберг: Макрон наскоро ќе и претстави на Кина план за мировни преговори

Од:

Емануел Макрон се подготвува да и се обрати на Кина со план за кој верува дека може да доведе до разговори меѓу Русија и Украина, пишува Блумберг. Францускиот претседател, наводно, го задолжил својот советник за надворешна политика, Емануел Боне, со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји да создаде рамка што би можела да се користи како основа за идните разговори.

Анонимни извори тврдат дека стратегијата на Макрон предвидува преговорите меѓу Русија и Украина да се одржат летово. За време на неодамнешното патување во Кина, францускиот претседател не успеа да договори средба меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Макрон го навлече гневот на западните сојузници минатата година кога рече дека не треба да ја „понижуваат“ Русија. Сè уште не е јасно дали Макрон ќе добие поддршка за неговиот план од Киев и неговите сојузници, бидејќи многу од нив ги отфрлија предлозите за прекин на огнот што би ѝ овозможиле на Русија да ги задржи своите територии.

Многу земји се исто така скептични дека Кина може да дејствува како непристрасен посредник, со оглед на нејзиното „неограничено пријателство“ со Русија. Двете земји повторно ветија дека ќе ги зајакнат односите, вклучително и вчерашниот повик за поголема воена соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт