Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на магазинот „Плејбој“ со министерката Марлен Скиапа на насловната беа продадени за три часа, изјави вчера режисерот Кристоф Флорентин. Тој додаде дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци.
Вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на Плејбој.
Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не беше гола, но списанието сепак беше разграбено, очигледно поради нејзиното интервју.