Крадец пријавил во полиција дека го истепале на објектот каде што крадел

Од:

37-годишник од Синѓелич е приведен затоа под соменние за обид за тешка кражба во објект во изградба. Тој пак во полиција пријавил дека две лица го нападнела затоа што го фатиле доека се обидувал да краде на објектот.

– На 16.04.2023 во 19.45 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(37) од с.Сингелиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид, од објект во изградба. Во врска со случајот, нешто подоцна М.И. пријавил дека околу 19.10 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврди предмети од Б.И. и уште едно лице, откако бил затекнат при обид да го изврши кривичното дело во објектот. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок., информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец