Полицијата извести дека вчера на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, возило „мерцедес“ управувано од А.Г.(52) од Скопје, удрило во велосипед управуван од З.П.(54) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.