Голема акција во Словенија: Жена спелеолог повредена во пештера, во тек е спасувачка мисија

Од:

Во сè уште неистражена пештера кај селото Долења Вас, општина Церкница во Словенија, тешко е повредена жена спелеолог, а во тек е спасувачка акција.

Претставникот на спасувачката служба на Спелеолошкото здружение на Словенија, Валтер Закрајшек изјави дека несреќата се случила во саботата околу 18.30 часот на длабочина од околу 100 метри, кога на главата на спелеологот паднал голем камен. Со неа имало уште пет спелеолози, кои не се повредени, јавува РТВ Словенија.

Четворица од нив останале кај повредената жена, а еден излегол од пештерата и ја пријавил несреќата. На лице место се 50 спелеолози, лекари, пожарникари и припадници на полицијата, а во пештерата влегла и медицинска сестра која ја има потребната медицинска опрема. Спасувачите рекоа дека претпоставуваат дека спасувањето ќе трае подолго, бидејќи се работи за неистражена пештера, а повредената жена е на длабочина од околу 100 метри.

Би можело да ве интересира

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он

Спасувачка акција во Словенија: Пет лица заробени во пештера, неизвесно е кога ќе бидат извлечени

А1он

Пештерата „Шаркова дупка“ достапна за туристите

А1он

Завршено овогодинешното истражување на Голема Пешт: Пронајдени наоди карактеристични за неандерталската популација

А1он

Истражени 2,5 километри од пештерата под Солунска глава

Ана Ололовска