Воздухопловните сили на Украина изминатиот ден извршиja 11 напади на места каде се концентрирани руски војници и опрема и три напади на позиции на руски противвоздушни ракетни системи, соопшти Генералштабот на украинската армија.
Ракетните и артилериските сили на земјата погодија три области за концентрација на работна сила и опрема, една област на артилериска концентрација на руски војници, една радарска станица, два системи за електронско војување (EW), противвоздушен ракетен систем и складиште за муниција, се додава во соопштението.
Генералштабот наведува и дека е соборен рускиот борбен авион Су-25.