Зеленски: Пред една година се молевме Украина да издржи, денес – да победи

Од:

Пред една година на денешен ден сите се молевме Украина да издржи. Денеска – Украина да победи, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата велигденска честитка.

Зеленски изјави дека Украинците го дочекуваат Велигден со непоколеблива вера во неповратноста на победата на добрината, вистината и животот, пренесува Интерфакс Украина.

Според Зеленски, Украина „веќе измина долг пат до победата“.

„Можеби најтешкиот врв е пред нас. Ќе го надминеме“, рече украинскиот претседател.

Според Зеленски, сино-жолтото национално знаме ќе биде подигнато на сите територии кои се привремено окупирани од руските сили.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР