Фракцијата на ДУИ: Огранокот на ДУИ во Гостивар останува без ниту еден претставник во извршната власт

Од:

Разрешен е и последниот претставник во актуелната извршна власт од огранокот на ДУИ во Гостивар, поточно државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Ресми Ејупи, велат од Фракцијата на ДУИ.

Со разрешувањето на Ејупи и претходно на Башким Хасани, еден од најголемите ограноци на ДУИ, како што е гостиварскиот огранок, останува без ниту еден претставник на ниво на трите владини ешалони, што се случува за прв пат од формирањето на ДУИ, додаваат од Фракција на ДУИ.

„Почитувани членови и симпатизери на ДУИ Гостивар, во 2020 година бев назначен за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика од страна на раководството на Огранокот Гостивар, кога претседател беше Башким Хасани, на кого сакам јавно да му се заблагодарам за укажаната доверба во тоа време, јас како член на ДУИ да бидам политички претставник во оваа институција, каде што се обидов за овие две и пол години да дадам се од себе и да бидам на располагање на општеството и политичката структура“, реагира Ресми Ејупи.

„Во оваа прилика сакам да ве информирам дека од вчера повеќе не ја вршам функцијата државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и тука вреди да се нагласи дека единствена причина поради која сум разрешен од оваа функција е ЈАВНАТА ПОДДРШКА ЗА РАЗЛИЧНОТО МИСЛЕЊЕ ВО ПАРТИЈАТА.

Ниту една форма на политички реперкусии нема да ме спречи да го искажам слободното мислење и да поддржувам мислења што мислам дека се во корист на општеството.

Продолжувам да ја поддржувам и да бидам дел од „Огнената група“ и дел од тоа мислење кое според мене е во корист на општеството воопшто, и на ДУИ како политичка партија“, додаде Ресми Ејупи.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни