45-годишна скопјанка почина на автобуска постојка

Од:

Вчера вечер во 21.14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на булеварот „АСНОМ“, на подрачјето на Аеродром, била пронајдена почината 45-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.

– Според пријавеното, додека била во патничко возило „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, на М.Г. ѝ се слошило и починала. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен