Mладата одбојкарка Јулија Итума (18) беше пронајдена мртва утрово пред хотелот во кој беше сметена заедно со нејзината екипа. Засега нема детали околу причините за смртта, но дел од турските медиуми шпекулираат дека се работи за самоубиство.
Објавена е снмка од нејзините последни моменти пред смртта. На видеото се гледа како таа се движи низ ходникот, потоа седнува и плаче и влегува во собата. Тоа е последен пат кога е видена жива.
Igor Gorgonzola Novara'nın 18 yaşındaki oyuncusu Julia Ituma’nın son görüntüsü.
Oyuncunun intihar ettiği ihtimali var. #juliaituma #juliaitumanovara pic.twitter.com/IbmxSfbznr
— Mehmet Batuhan Ağır (@mbatuhanagir) April 13, 2023
Турската полиција без многу детали информираше дека паднала од прозорецот на хотелската соба.
Јулија играше на позицијата коректор, висока беше 192 сантиметри и со Италија го освои Европското првенство за одбојка до 19 години.Оваа одбојкарка, родена во Милано од родители од Нигерија, имаше и злато од Светското првенство до 20 години во 2021 година како и освоено злато на младинските олимписки игри.