Средношколци од две скопски училишта се истепале за девојка

Од:

Ученици од Средното медицинско училиште „Др. Панче Караѓозов“ и од училиштето „Васил Антевски Дрен“ се истепале меѓу себе вчера попладне. Според информациите, тепачката била поради девојка.

– На 12.04.2023 во СВР Скопје пријавено дека во 14.10 часот пред Средното медицинско училиште „Др.Панче Караѓозов“ во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу двајца ученици во училиштето од една страна и неколку ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“, од друга страна, а според пријавеното, поради расправија за девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен