Огромен пожар избувна во фабрика за рециклирање во градот Ричмонд во американската сојузна држава Индијана, од кој се шири отровен чад.
Градоначалникот на Ричмонд, кој претходно предупреди дека постои „ризик од пожар во фабриката за рециклирање“, нареди евакуација на околу 2.000 луѓе бидејќи се очекува борбата со пожарот да трае со денови, јавува Си-Ен-Ен.
Шефот на противпожарната служба на Индијана, Стив Џонс, на прес-конференција рече дека густиот црн чад што извира од жариштето е „дефинитивно токсичен“.
„Постојат многу различни хемикалии кои се ослободуваат кога пластиката се запали и тоа е загрижувачко“, рече Џонс, истакнувајќи дека огнот се очекува да гори со денови.
Засега не е утврдено што го предизвикало пожарот, а според локалните власти нема да се знае се додека пожарот целосно не биде изгаснат.
Тестирањето на американската Агенција за заштита на животната средина досега не открило присуство на токсични соединенија како што се стирен или бензен, а следењето на квалитетот на воздухот ќе продолжи, изјави координаторот на локалната служба за вонредни состојби.
Засега исто така нема информации за повредени или материјална штета.