Престрелка во Германија: Еден убиен, друг тешко ранет

Од:

Во крвавата пресметка што се случи во Асперг, Германија, загина еден млад човек (18), додека друг е тешко повреден.

За ова дело уапсен е Амер С., по потекло од Србија, син на локален бизнисмен.

Германските медиуми јавуваат дека престрелката се случи на паркингот, а ја пријавиле жители. Полицијата веднаш излегла на местото и затекнала грозоморна сцена: таму лежеле двајца осумнаесетгодишници – едниот тешко повреден, другиот мртов. Повредениот млад човек веднаш е пренесен во болница.

По убиството, полицискиот штаб формираше специјална комисија наречена „Гето“. Околу 40 полицајци со експерти од Државната криминалистичка полиција Баден-Виртемберг отворија истрага во сите правци. Во потрагата e употребен и хеликоптер.

Се испостави дека тоа дало резултати, а осомничениот, како што пренесува Билд, e уапсен. Се испостави дека станува збор за човек по потекло од Србија, а неговото апсење беше како нешто од филмовите.

Се вели дека специјалците го уапсиле осомничениот во долна облека откако упаднале во неговиот дом.

– Од удар на блиндиран автомобил e пробиена влезната врата од луксузниот семеен имот – пренесува „Билд“, кој ја објави и информацијата дека уапсениот е Амер С., по потекло од Србија е син на локален бизнисмен.

Се уште се нејасни околностите и мотивот на злосторството, се вели во полициското соопштение.

Градоначалникот на Асперг, Кристијан Ајбергер, рече дека населението на градот е во шок по злосторството.

– Ова е нова димензија на насилство што не можев да ја замислам. Местото на злосторството, паркинг со чакал, се наоѓа во центарот на градот и не беше познато како типично место за средба на младите. Сега е важно да се врати чувството на сигурност кај луѓето – рече Ајбергер.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ