Руската црква одби да и предложи примирје на Украина за Велигден

Од:

Би било чудно ако Руската православна црква излезе со предлог да се прогласи велигденско примирје во зоната на специјални воени операции. Причината за тоа е што шансите за позитивна реакција на украинските власти се „блиску до нула“, изјави заменик портпаролот на Московската патријаршија Вахтанг Кипшиџе, одговарајќи на новинарски прашања за можната иницијатива.

Тој потсети дека и покрај предлогот на патријархот да се прогласи примирје за Божиќ (иницијативата беше целосно поддржана од руските власти), властите во Киев не изразија желба да го поддржат предлогот.

И сега, според Кипшиџе, би било чудно да се претстави нов предлог за примирје, бидејќи шансите да се добие „позитивна реакција се нула“.

За примирје е потребна согласност од двете страни и тоа никогаш не може да биде еднострано, посочи тој. Велигден според јулијанскиот календар годинава се слави на 16 април.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски