ВИДЕО: Демонстрант се обиде да го нападне Макрон во Амстердам, реагираше обезбедувањето

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон беше пречекан во Холандија од демонстранти кои не се задоволни од контроверзниот закон за пензиските реформи.

Полицијата совлада и приведе демонстрант во Амстердам, откако тој истрча кон Емануел Макрон и почна да вика додека францускиот претседател пристигнува на универзитет на вториот ден од неговата посета на Холандија.

Инцидентот се случи кога Макрон пристигна со холандскиот крал во научниот парк на универзитетот.

Демонстрантот бил совладан од обезбедувањето и полицијата пред да биде уапсен и одведен во полициско возило.


Посетата на Макрон продолжи откако демонстрантот и уште еден маж беа приведени.

Во вторникот холандските демонстранти го прекинаа говорот на францускиот претседател во институтот Нексус во Хаг, по што тој рече дека оние кои не го почитуваат изборниот процес и избраните лидери ја ставаат на ризик демократијата.

Холандските медиуми објавија дека додека Макрон ја изложувал својата визија за иднината на Европа во Институтот Нексус во Хаг, демонстрантите развиле транспарент на кој пишувало: „Претседател на насилството и лицемерието“ и извикувале: „Каде е француската демократија? Каде ја изгубивме ?”

Главниот извор на нивниот гнев е контроверзниот закон за реформа на пензискиот систем во Франција.

Макрон продолжува да го брани нацрт-законот за пензиските реформи и одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година.

Тој додаде дека старосната граница за пензионирање е уште поголема во некои европски земји и ја нагласи потребата од реформи.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно