Додека Обединетие нации продолжуваат да критикуваат и да се надмудрувааат со Русија и Кина за ветото што тие две го ставија на резолуцијата за санкциите на режимот, продолжија жестоките напади во Сирија и најмалку 180 луѓе беа убиени од страна на безбедносните сили, објави опсерваторијата за човекови права.
И армијата и бунтовниците вчера во Дамаск водеа жестоки немилосрдни акции, и веќе се заробени неколку гранични премини.
Противниците на Асад заробија неколку гранични премини, меѓу кои иа Баб ал – Хаву, многу важен трговски премин кон Турција.
Аднан ал-Асади, заменик-министер за внатрешни работи на Ирак, изјави за „Ал Џезира“ дека ирачките граничари биле сведоци на преземањето на контролата на границата со Ирак и егзекутирањето на 22-ца сириски војници и еден сириски полковник, кој откако бил заробен во знак на одмазда пред очите на сите сведоци му биле отсечени рацете и нозете.
Асади предупреди дека доколку продолжи оваа ситуација, Ирак ќе биде принуден да ги затвори сите свои гранични премини со Сирија.