ОН: Потврдено е дека 8.500 цивили загинале во Украина за време на војната

Од:

Во Украина, за време на руската инвазија, според потврдени податоци, загинале најмалку 8.490 цивили, а 14.244 биле ранети, објави Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХЦХР) во извештајот за април.

„ОХЦХР смета дека реалната бројка е многу поголема, бидејќи не пристигнале информации од некои локации каде имало интензивни борби, а многу извештаи се уште не се потврдени“, се вели во соопштението.

Комесарот на ОН наведува дека во областите на Доњецк и Луганск кои се под контрола на Украина загинале 3.927 цивили, а 5.483 се ранети, додека во останатиот дел од земјата бројот на загинати е 2.669, а 6.201 се ранети.

На украинската територија окупирана од Русија, ОХЦХР потврди 652 загинати и 2.316 ранети цивили во регионите Доњецк и Луганск, а 1.242 загинати и 244 ранети во други региони.

Доњецк е една од четирите провинции во источна и јужна Украина што Москва незаконски ги прогласи за анектирана минатата година и има за цел целосно да ги окупира. Останатите три региони се Херсон, Луганск и Запорожје.

Центарот на борбите во Украина веќе неколку месеци е градот Бахмут, во источниот регион на Доњецк, каде Русите напредувале, уништувајќи цивилни објекти, со голем број жртви.

Бахмут, кој пред конфликтот имаше 70.000 жители, по неколкумесечни жестоки борби има помалку од 4.000 жители. Поради времетраењето на битката и големите загуби од двете страни, тој град станал симбол на тешката борба меѓу Русите и Украинците за контрола над украинскиот регион Донбас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ