Во кафана во Мокрин, тројца млади момчиња од Кикинда, брутално претепале гостин. Мажот е тешко повреден и лекарите се борат за неговиот живот.
Видеото е објавено веднаш по тепачката, а на него се гледа како едно момче удира друго, кое по нападот паѓа на подот. Во тој момент, уште еден млад човек паѓа на подот и насилниците продолжуваат да го тепаат крвнички. Еден од напаѓачите го мава и со столица. Тој ја удри жртвата безброј пати по главата и телото. За тоа време вториот напаѓач го удри со нога, а во одреден момент им се придружи и трет.
Лекарите во моментов се борат за животот на претепаното момче. Скршени му се рацете и вилицата“, рече извор од болницата. Снимката од насилството ја шокираше јавноста, а корисниците на социјалните мрежи коментираат дека е уште позагрижувачки тоа што гостите тивко стоеле и ја гледале тепачката додека ги пиеле пијачките.