Времен режим на улица „Александар Урдаревски“ на 12 и 13 април

Од:

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300 метри деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 12.04.2023 година (среда) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во (четврток) на 13.04.2023 година во истиот временски период на другата спротивна насока, велат од ЈП Улици и патишта Скопје и апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он