Прорускиот лидер на делот од украинската област Доњецк, кој е под контрола на Москва, рече дека руските сили контролираат повеќе од 75 отсто од опколениот град Бахмут. Битката кај Бахмут е една од најкрвавите во 13-месечната војна.
Регионалниот шеф назначен од Москва, Денис Пушилин, објави на Телеграм видеа на кои наводно се гледа посетата на малиот рударски град каде што се водат битки. Тој може да се види меѓу урнатините, облечен во панцир, а во позадина се слушаат експлозии. Ројтерс не може самостојно да ја потврди локацијата или датумот на видеото.
The head of the so-called DPR, Denis Pushilin, arrived in #Bakhmut and said that Russia is "liberating" the town while the Ukrainian military is destroying it to the ground. #RussianWarCrimes #StopRussianAggression pic.twitter.com/nV9l4NAnHx
— UkraineWorld (@ukraine_world) April 10, 2023
„Можам да кажам со апсолутна сигурност дека повеќе од 75 отсто од градот е под контрола на нашите единици“, изјави Пушилин за државниот ТВ канал Росија-24 по посетата, иако предупреди дека е премногу рано да се зборува за падот на Бахмут.
Русија вели дека заземањето на Бахмут ќе ја отвори можноста за идни офанзиви низ Украина, додека Киев и Западот велат дека уништениот град има само симболично значење. Во видеото од неидентификувана подземна локација, Пушилин им оддаде почит на борците на платеничката војска на Вагнер што го предводеа нападот на Бахмут.
Командантот на копнените сили на Украина претходно во понеделникот изјави дека Русите почнале да користат тактика на „изгорена земја“ во источниот украински град Бахмут и дека уништуваат згради и позиции со воздушни напади и артилерија.
Украинската одбрана на градот Бахмут продолжува, изјави Олександр Сирскиј. „Ситуацијата е тешка, но може да се контролира“, го цитира украинскиот воен медиумски центар.