Директорот на битолската болница ќе поднесе оставка

Од:

Д-р Александар Обедниковски, генерален директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, најави дека утре ќе поднесе оставка од морални причини.

Повод за повлекувањето на Обедниковски од функцијата прв човек на битолската болница е најновниот инцидент во таа здравствена установа, односно смртта на новороденче која беше регистрирана во болницата, а за што денеска министерот за здравство Фатмир Меџити изврши вонредна посета во Битола.

Како што е познато неодамна во ЈЗУ Клиничка болница-Битола почина и 6-годишното девојче Јана Христовска за што се води истрага, а битолчани во знак на протест организираа мирни собири во овој град.

Претходно почина и 12-годишно момче од селото Лера.

По налог на министерот за здравство Фатмир Меџити утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува