Пуштена нова водоводна мрежа во населбата Пинтија

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска ја пуштија во употреба новата водоводна мрежа за населбата Пинтија.

Со целосната изградба на водоводната мрежа, според Ставрески, се реализираше еден капитален проект, кој со децении беше клучен проблем за жителите од ова населено место.

– Кога пред четири-пет години тука дојдовме првото барање на жителите од Пинтија беше изградбата на водоводот. Со тогашниот градоначалник и со премиерот одвоивме веднаш време и средства за почеток на реализација на тој проект, бидејќи тоа е она што вие го побаравте од нас, рече Ставрески.

Проектот, како што информира градоначалничката Беличанец-Алексиќ, се реализираше во три фази, во период од пет години, со финансиски средства од Владата и кредит на Светска банка. Првата фаза е целосно финансирана од Владата со 15 милиони денари. За реализација на втората и третата фаза општина Кисела Вода се задолжи во Светска банка со кредит од 625 илјади евра.

– Со исполнување на уште еден приоритетен капитален проект од интерес на граѓаните, полека но сигурно ја постигнуваме целта да создадеме услови за што похуман и поблагопријатен животен пат на нашите сограѓани, рече Беличанец-Алексиќ.

Првата фаза на проектот почна во 2008 – 2009 година, кога се изградени резервоарите со капацитет од 900 кубни метри, како и потисно-повратниот цевковод кој почнува од пумпната станица и ја транспортира водата низ мрежата и резервоарот.

Во втората фаза се изгради пумпна станица во која се сместени пумпи со капацитет од 37 литри во секунда, кои ќе ја обезбедат нормата за водоснабдување од 500 литри на ден по жител, како и уличната дистрибутивна мрежа. По целата должина на мрежата се поставени цевки со различен дијаметар, а целата водоснабдителна мрежа е долга околу 10 километри.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода