Француските спасувачи го пронајдоа шестиот, последен загинат во лавина југозападно од Мон Блан на француските Алпи, соопштија денеска локалните власти.
Лавината се случила среде вчерашниот ден на глечерот Амансет, кој се наоѓа во близина на селото и ски-центарот Лес Контаминес-Монтжои.
Спасувачите ја прекинаа потрагата бидејќи никој повеќе не се смета за исчезнат, изјави портпаролот на регионот Горна Савоја, Емануел Коканд. Коканд не сакаше да го коментира идентитетот на шестмината загинати.
An avalanche fell on tourists on the Armancette Glacier in the French Alps
Four people died and several more were injured. pic.twitter.com/EvP7C5h03K
— NEXTA (@nexta_tv) April 9, 2023
Локалните медиуми објавија дека двајца од загинатите се водичи во планина, а другите четворица нивни клиенти, сите Французи, меѓу кои и една млада жена и маж на 20-годишна возраст и пар во четириесеттите.
Коканд рече дека скијале надвор од патеката кога се случила лавината.
Лавината зафати површина од еден километар на 500 метри, на надморска височина од 3.500 метри, рече тој и додаде дека се истражуваат причините.