Две лица загинаа при уривање на двокатница во францускиот град Марсеј, утринава објавија пожарникарите кои учествуваат во спасувачката операција по експлозијата.
Како што пренесува порталот „БФМ“ од Марсеј, потрагата продолжува, но како што одминува времето надежта за пронаоѓање преживеани се намалува.
„Две безживотни тела се пронајдени во урнатините на две згради на улицата Тиволи во Марсеј. Со оглед на тешкотиите со кои се соочуваме, потрагата ќе потрае“, соопштија пожарникарите на градот Марсеј.
И 24 часа по несреќата не се знае причината за експлозијата.
Сепак, очевидци од околните згради велат дека околу четирикатниците се почувствувал силен мирис на плин.
Пет лица се примени во болница со сериозни повреди кои не се опасни по живот.
Локалните власти во неделата објавија дека се претпоставува дека осум лица се затрупани под урнатините.