Брат и сестра на возраст од девет и седум години денеска се пронајдени мртви во стан во Хокенхајм, во германската покраина Баден-Виртемберг.
43-годишна жена е уапсена под сомнение за убиство, пренесува БИЛД.
Засега не се знае каков однос имал уапсената со децата, ниту дали е мајка или роднина.
Портпаролот на полицијата не сакаше да каже каков однос има жената со децата – односно дали е таа мајка. Според него, телата на децата ќе бидат испратени на обдукција во вторник.
Не се дадени повеќе детали за децата. Јавното обвинителство во Манхајм и Единицата за сериозни криминали на Одделот за криминалистичка полиција во Манхајм започнаа дополнителна истрага против жената.
Инспекторите не дадоа дополнителни детали за причината за смртта.