Поранешниот шампион во НБА, Тревор Ариза влезе во големи проблеми. Крилниот кошаркар кој се пензионираше на крајот од претходната сезона во дресот на Лејкерси веќе е без пари. Заработил 115.000.000 долари играјќи кошарка од 2004 до 2022 година, но сега и официјално побара од судот да ја намали алиментацијата што и ја плаќа на поранешната сопруга Бри.
Ариза моментално минува низ развод, а алиментацијата од 13.000 долари месечно што Бри ги бара се премногу за него. Медиумите во САД наведуваат дека за време на бракот со поранешниот НБА кошаркар неговата сопруга живеела на висока нога и сега сака да продолжи со тоа, а дека од друга страна, поранешниот специјалист за одбрана побарал алиментацијата да биде што пониска.
“Ариза и неговата поранешна сопруга се среде тежок развод. Таа бара огромна месечна алиментација за да може да продолжи со раскошниот начин на живот што го водела за време на бракот. Имала приватни готвачи, огромен број домашни помошници, возела Ролс Ројс, имаше бројни имоти и огромен стан со пет спални соби и седум бањи“, пишуваат американските медиуми.
Тревор на крајот влезе во финансиски проблеми и се наведува дека по завршувањето на кариерата заработува 4.000 долари месечно од издавањето на становите што ги купил во текот на кариерата. Тој повеќе не е милионер и не може да си дозволи да се препушти на каприците на поранешната сопруга.
Тој беше избран во 2004 година како 43-ти пик од Њујорк Никс, и играше за многу тимови во неговата кариера. Како дефанзивец играше за Њујорк, Орландо, Лејкерс, Хјустон, Њу Орлеанс, Вашингтон, Феникс, Сакраменто, Портланд и Мајами, а во 2009 година освои шампионски прстен со Лејкерс во сезона во која имаше просек од 10,4 поени.