Новозеланѓанецот Израел Адесања ја врати светската титула во полутешка категорија на синоќешниот настан „UFC 287“, откако го нокаутираше Бразилецот Алекс Переира. Интересно е тоа што Адесанја досега имаше три порази во три настапи против Переира, а конечно дојде до првата победа и тоа со ефектен нокаут во втората рунда.
Првата рунда беше нормално многу пасивна на двете страни, но тензијата се чувствуваше во секоја секунда од борбата, и двајцата во тој период настапија претпазливо, а немаше конкретни обиди кои целосно ќе го разгорат натпреварот.
Втората рунда Адесања ја започна со неколку добри „кикови“ со левата нога, а потоа Переира изврши најголем притисок до тој момент. Борбата се отвори, почнаа размените, а токму кога се чинеше дека Переира може да ги сврти работите во своја полза, дојде до пресврт и спектакуларна реакција на Адесанја од дефанзива.
Новозеланѓанецот со десен „overhand“ го затресе Переира, а потоа со уште еден удар едноставно го „згасна“.
ISRAEL ADESANYA WITH THE KO! HE’S BACK!
— Complex Sports (@ComplexSports) April 9, 2023
Со симулирање на исфрлање стрела од лакот, Адесања ја прослави големата победа, а стрелите беа исфрлени во правец на Переира, кого мораа да го враќаат во свесна состојба по тешкиот нокаут. Бразилецот е голем љубител на стрелаштвото и затоа Израел го искористи ваквото славење на победата над својот најголем ривал.
– Луѓе, земјо, морам да кажам нешто. Се надевам дека сите што гледате ќе го доживеете ова чувство на среќа барем еднаш во животот. Но, знаете што, никогаш нема да го почувствувате ова чувство ако не тргнете по нешто кога сте долу, кога сте нокаутирани, кога сите ве гледаат со понижување, рече Адесања.