Промовирани партиските простории на ГРОМ во Охрид

Од:

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во присуство на лидерот Стевче Јакимоски синоќа во Охрид ги отвори новите простории од каде во иднина ќе делува партијата.

Јакимоски истакна дека партијата веќе има 14 свои канцеларии ширум земјата, преку кои членството и симпатизерите на движењето ќе комуницираат со граѓаните и ќе ги разменуваат своите идеи.

– Ќе се потрудиме да бидеме блиску до граѓаните и да ги пренесеме вашите ставови за актуелната политичка состојба во РМ. Сакам да нагласам дека ГРОМ е се уште на ниво на иницијатива, но се трудиме во овој временски период да видиме колку поддржувачи и членови имаме, колку од граѓаните сакаат активно да се вклучат во нашата партија, рече Јакимоски истакнувајќи дека партијата моментално има  повеќе од 12 илјади членови.

Лидерот на ГРОМ нагласи дека политичката опција е мултиетничка партија која ќе го отсликува соживотот во земјава и ќе ги реализира евро-атлантските замисли на сите жители во Македонија, притоа нудејќи нешто поразлично во, како што рече, црно-белата опција во Македонија, со очекување дека партијата е формирана со цел да ја освои централната власт во Македонија, на евентуални предвремени избори предвидени за следната година.

– Не може да постои партија, ако нејзиното членство не сака избори, рече Јакимоски, додавајќи дека треба што е можно повеќе млади луѓе да се реализираат и во политичкиот дел и во делот на управување со разните институции во оваа држава.

Претседателот на општинскиот огранок на ГРОМ, Љупчо Настоски кој е актуелен член на Советот на општина Охрид, изрази уверување дека преку константна комуникација со граѓаните ќе има можност да го реализира она што го има зацртано, да помага на заедницата во рамки на неговите можности.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on