Околу полноќ се случи тешка сообраќајна несреќа во Трогир, Хрватска.
На улицата Хрватских жртва бб, на влезот во хотелот Медена, автомобил удри во дрво.
За брзо време пристигна брза помош, која констатирала смрт на двајца мажи. Ќе следи полициска истрага која треба да го утврди идентитетот на загинатите мажи, како и причината за оваа тешка несреќа, информираат од полицијата.