Захарова: Америка промовира се што ја уништува европската безбедност

Од:

Влезот на Финска во НАТО и напорите на Шведска да се приклучи на алијансата ставија крај на ерата на безбедност во Северна Европа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи го проширувањето на НАТО во северноевропските земји, таа посочи дека Америка долго време „промовира сè што ја уништува европската безбедност“, пренесе Тас. Таа изјави дека американските претставници доаѓаат во Европа од друг континент за да разговараат за безбедносни прашања, водени, како што оцени, од опортунистички интереси кои немаат никаква врска со безбедноста на Европа.

„Тоа се случи со Северна Европа. Неутралноста на тие земји им гарантираше „аура на безбедност“ долги години. Со потегот тие (Финска) да влезат во НАТО, оваа ера заврши“, рече Захарова.

Таа посочи дека откако ќе биде одобрен уште еден пакет оружје, американската воена помош за Украина ќе надмине 35 милијарди од почетокот на војната во Украина.

„Западните земји продолжуваат да пумпаат оружје во Украина, најмуваат странски платеници ширум светот и даваат се од себе украинскиот конфликт да биде што е можно подолг и крвав. Вчера прес-службата на Пентагон и вети на Украина 2,6 милијарди повеќе во вториот пакет воена помош. Ова вклучува муниција за системи за противвоздушна одбрана, вклучително и системите Патриот и НАСАМС, како и повеќецевните ракетни системи Град и ХИМАРС и артилериски гранати со стандард на НАТО“, рече Захарова.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски