Измамничка од Гостивар нудејќи лажни германски визи заработила 18 илјади евра

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар почна постапка портив жена која во период од една година лажно се претставувала како вработена во Германската амбасада и нуедла работни визи и сертификати за познавање јазик. Определен и е притвор од 30 дена.

– Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РСМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист, наведуваат од ОЈО.

На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик за одредена сума пари. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земела парите, потоа веќе не им се јавувала на телефонските повици.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука