Дарја Трепова е обвинета за терористичкиот напад во Санкт Петербург во кој беше убиен рускиот воен блогер Владлен Татарски, соопшти Истражниот комитет.
„Таа е обвинета за сторено кривично дело по член 205 ст.3 б од Кривичниот законик 4 дел чл.222.1 (терористичко дело извршено од организирана група со последица убиство со умисла); нелегално носење експлозивни направи, извршено од организирана група“, соопштија од одделението.
Трепова е изведена пред московскиот суд каде ќе се определува мерката ограничување на слободата на движење.
Во неделата експлозивна направа експлодираше во кафуле во Санкт Петербург, при што загина воениот известувач Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин). 31 лице се хоспитализирани. Осум лица се во тешка состојба, уште девет жртви се на амбулантско лекување.
Националниот антитерористички комитет објави дека терористичкиот напад врз воениот известувач Максим Фомин бил планиран од украинските специјални служби, пренесува Спутник.