Ковачевски: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата

Од:

Претмиерот Димитар Ковачевски денеска во Тетово присуствуваше на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан.

„Денешниот чин, е почеток на сериозен стратешки и државнички подвиг, чија придобивка и благодат ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земјата но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридор 8, и на сите кои ќе минуваат низ него.

Оваа Влада, со години докажува дека се грижи за остварување на големите стратешки прашања за државата, без разлика дали тие се внатрешни или надворешни прашања.

Без разлика дали говориме за НАТО или говориме за ЕУ, или говориме за инвестициите во гасоводи, автопати, ветерници и сончеви централи, токму нашите остварувања докажуваат дека работиме за интересите на сите граѓани, а најмногу во интерес на идните генерации кои ќе имаат подобар живот со овие наши чекор, одлуки и инвестиции.

Бидејќи од изградбата на автопат или сончева, ветерна, биогас централа, или било кој енергетски објект целосна придобивка ќе видат генерациите кои утре нема да бидат ограничени од вакви предизвици кои ние денеска ги совладуваме, и ќе се фокусираат на напредните достигнувања на технологијата и бизнисот – рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он