Уште неколку часа до апсењето на Трамп, безбедноста на високо ниво

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска технички ќе биде уапсен. Процесот на сослушување пред суд за извршување на потенцијално кривично дело опфаќа и формално апсење.

Во текот на овој процес, судските службеници ќе му земаат отпечатоци од прсти на поранешниот претседател, тој ќе треба да ги пополни потребните документи, а службените лица ќе проверат дали против него има друга кривична постапка. Потоа ќе прочита т.н „Миранда“ права, односно ќе го потсетат дека има уставно загарантирано право на адвокат и право да не разговара со полиција.

Но, се очекува судот да застане на страната на Трамп во текот на тој процес. Адвокатскиот тим на Трамп објави дека поранешниот претседател нема да биде врзан со лисици за време на неговото апсење, а судот може да му дозволи да влезе во судницата преку задниот влез. Имено, влегувањето во предниот влез на судот очекувано би предизвикало огромно внимание кај насобраните медиуми и јавноста.

Би-Би-Си наведува дека тешко дека полицијата ќе го фотографира Трамп за евиденција.

Полицијата во Њујорк е во состојба на готовност пред судското сослушување на Доналд Трамп. Полициски барикади се подигнати околу кулата „Трамп“ во Њујорк и судот каде што ќе се појави Трамп, а затворени се и многу околни улици.

Другите судници во зградата ќе бидат затворени за време на судскиот процес за поранешниот претседател. Според Би-Би-Си, има „десетици и десетици“ тајни агенти кои имаат задача да го чуваат мирот во областа.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, денеска ги предупреди сите оние кои планираат насилни протести поради апсењето и сослушувањето на Трамп пред судот дека ќе бидат уапсени и изведени пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ