Пијан скијач загина по пад од жичара

Од:

Пијан скијач загина откако падна од кабина на жичарница од височина од 40 метри во ски-центарот Ле Ду Алп на француските Алпи.

Маж (29) во друштво на пријател (23), кој исто така бил под дејство на алкохол, го скршил пластичното стакло од кабината на жичарницата, паднал од голема височина на земја и починал, пренесува британски Тајмс.

Францускиот државен обвинител Ерик Вајан изјави дека загинатиот маж, висок 188 сантиметри и тежок близу 100 килограми, за време на возењето се фрлил на внатрешните ѕидови на кабината на жичарницата, кои се направени од плексиглас. Француското јавно обвинителство во Гренобл соопшти дека двајцата мажи се снимале пред несреќата и се однесувале бурно. Вајан додаде дека во врска со оваа несреќа е покрената истрага која ќе ја испита безбедноста на кабините на жичарницата.

Директорот на скијачката зона Ле Ду Алп, Фабрис Буте, тврди дека кабините на жичарницата се безбедни и изградени да издржат различни можни инциденти.

Би можело да ве интересира

Загина пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

40-годишен кумановец загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он